Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Б.К. (50) од с.Калишта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Во текот на 2019, на подрачјето на Струга, пријавениот како сопственик и инвеститор, без добиена согласност и одобрение за градба, изградил автокамп и два помошни објекти.