петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО: Камион се преврте кај Плетвар

ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО: Камион се преврте кај Плетвар

Камион утринава се превртел кај Плетвар. Од МВР за Курир ја потврдија информацијата.

-На патниот правец Прилеп-Градско после Плетвар околу 08:05 часот дошло до превртување на камион. До овој момент нема пријава за повредени лица, велат од МВР за Курир.

Од полицијата посочуваат дека увидот е во тек, а сообраќајот се одвива по една коловозна лента.