недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Култура

Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ: Состојбата со културното наследство на Македонија е алармантна

Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ: Состојбата со културното наследство на Македонија е алармантна

„ДОБРИОТ“ ТРГОВЕЦ НЕ ДАВА НА ВЕРЕСИЈА!

-Распродавање на честа и достинството на македонската култура и историја- Влахо кај Живојно – за јаглен;

„Св. Атанасиј“ во Спанчево – за фотоволтаици;

„Северна“ – ја додадоа за хациенди на Халкидики;

македонската историја – на Бугарија за хонорари и наводни европски интеграции!

Ова е парагон-блокот на Владата на ДУИ и приврзокот СДС(М) со кој во последниве шест години се распродава честа и достинството на македонската култура и историја!

Централната комисија на ВМРО-ДПМНЕ подолго време укажува за алармантната состојба со културното наследство на Македонија. Бројните неправилности во сферата на заштитата доведоа до целосна деградација на многу локалитети.

Запоставена е заштитата и негувањето на сите видови културно наследство. Доведен е во прашање и статусот на меѓународно признаените добра, како што се Гласоечкото пеење на Ургентната листа на УНЕСКО, Охридскиот Регион (Охрид, Струга и Дебарца) како светско природно и културно наследство, но и Преспанскиот Регион со езерата на Листата на светско природно наследство. На Тентативната листа на УНЕСКО за прогласување чекаат уште неколку локалитети (Трескавец, Курбиново, Кокино) на кои никако да им се подобри националниот статус за да можат да бидат впишани во УНЕСКО како културно наследство важно за светскот културен диверзитет.

А одговори и одговорност на сите поставени прашања нема од никаде. Јавноста го претпоставува „Ценовникот“ на оваа неизбрана и нелегитимна Влада, но никако да дојде до конкретни одговори за тоа кои се причините и кој/кои се виновникот/ците за ваквите состојби.

ВМРО-ДПМНЕ не верува во колективна одговорност! Одговорноста секогаш е персонализирана и точно лоцирана. Досега прашањата беа поставувани само до првиот човек на Министерството за култура на Република Македонија, од која никогаш и не добивме одговори. Затоа, ќе се обидеме да ги прашаме одговорните кадри од кои директно зависи спроведувањето на актуелните законски прописи и се надеваме дека ќе искамчиме некаков одговор.

Увид во состојбите со заштитата на културното наследство имаат оние кои секојдневно се во контакт со него и кои директно работат на терен. Една од нив е новоизбраниот раководител во моќниот Сектор за управен и инспекциски надзор во Управата за заштита на културното наследство, Жаклина Петровска, назначена во 2022 година на највисоката и единствена позиција во државата, генерален инспектор за културно наследство!

Оттаму, сосема легитимно е прашањето до почитуваната, како функционира системот, инспекторке!?

(Интегрален текст од соопштение на Централната комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ)