понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Особено за овие знаци следува бурно авантуристичко лето: Еве за која дестинација сонувате според вашиот хороскопски знак

Особено за овие знаци следува бурно авантуристичко лето: Еве за која дестинација сонувате според вашиот хороскопски знак

На некои им одговара удобноста во хотел, други немаат проблем да спијат на плажа или на железничката станица, важно е да се наоѓаат на друго место и да го истражуваат светот.

Посебно после пандемиската година се чини сите сме желни за патувања, за нови искуства, за нови авантури…

Секој знак во зодијакот се држи до некои негови навики кога станува збор за патување и има една земја што е идеална за него, според ѕвездите.

Овен

Овните живеат за патувања. Тие сакаат да истражуваат нови места и се исклучително дружељубиви. За нив не е проблем да спијат на аеродромите и железничките станици затоа што тие се едноставно луѓе кои ќе го прават тоа сè додека имаат можност.

Идеална земја: Тајланд

Бик

Практични, цврсто застанати на земја и аналитички настроени, Биковите повеќе сакаат да шетаат пеш што е можно повеќе. Тие сакаат да ги одржуваат патните трошоци што е можно пониски, па затоа честопати бараат попусти на летови и сместување.

Идеална земја: Бразил

Близнаци

Близнаците сакаат да патуваат со пријателите и членовите на семејството затоа што по природа се социјални суштества. Тие се фасцинирани од светот како таков и сакаат да го истражат максимално. Сакаат удобност, па затоа избираат куфери наместо ранци и хотели наместо евтини станови. Тие исто така мора да бидат добро подготвени и истражуваат сè за земјата во која патуваат.

Идеална земја: Италија

Рак

Откако ќе излезе од авионот, Ракот е малку изгубен и збунет. Тој не може да патува без Google Maps и водич, но многу добро се сеќава каде јадел добра храна. Колку и да е изгубен, тоа не го оптеретува затоа што му претставува предизвик.

Идеална земја: Мароко

Лав

Вистински шоумен, хумористичен и весел, Лавот е одличен придружник за патување. Обожава музички фестивали и егзотични земји и секогаш ќе најде начин да се забавува. Никогаш не е досадно со него.

Идеална земја: Шпанија

Девица

Девиците се жив доказ за YOLO (You Only Live Once – Само еднаш се живее). Тие копнеат по авантура и не се просечни туристи. Музеите, зградите и парковите не им значат многу, но повеќе уживаат во нуркање, рафтинг, пешачење; претежно во сè, што е дел од активен одмор.

Идеална земја: Филипини

Вага

Вагите се патници без многу грижи. Тие се опуштени, мирни и сакаат да посетуваат уметнички галерии, театри и музички настани. Не ги интересираат гужвите на плажите, па затоа нема да можат да траат долго таму.

Идеална земја: Велика Британија

Скорпија

Скорпиите се полни со страст, доминантни и наметливи. Тие не прифаќаат работи како одложување на летови и комплицирање на сместувањето затоа што сакаат да ја користат секоја секунда од патувањето. Секогаш ги имаат сите гаџети со себе и уживаат во планирањето и придржувањето кон тој план.

Идеална земја: Германија

Стрелец

Стрелецот обожава да патува, најмногу заради пробувањето нова храна. Пред секое патување, секогаш добро истражуваат каде се добрите ресторани затоа што веруваат дека секоја земја подобро ќе ја запознаат преку храната и луѓето.

Идеална земја: Мексико

Јарец

Јарецот исто така сака да планира и фантазира за дестинацијата што ја намислил. Тој не се плаши од ништо и е решителен, па своите идеи ги реализира многу брзо, вклучително и патувањата. Тој сака да види сè и да истражува најдобро што може.

Идеална земја: Франција

Водолија

Ако сте родени во знакот на Водолија, вашата врата од фрижидерот сигурно е полна со магнети од различни земји. Сакате да истражувате нови земји, но не и да останувате во нив долго затоа што брзо ви здосадува.

Идеална земја: Сингапур

Риби

Рибите обожаваат сè визуелно, па на патувањето мора да земат со себе камера, со која ќе снимаат сè што виделе и видеата и фотографиите ќе ги споделат со другите преку социјалните мрежи. Тие ја гледаат убавината буквално во сè, така што на нивните фотографии има детали што другите не ги ни забележуваат.

Идеална земја: Јапонија