недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Синот на Марина Туцаковиќ „удри“ по Цеца која го гледаше како син: „Таа е воен профитер!“

Синот на Марина Туцаковиќ „удри“ по Цеца која го гледаше како син: „Таа е воен профитер!“

Синот на Марина Туцаковиќ и Фута Радуловиќ , Милан – Лача остро ја нападнал фолк дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ, индиректно нарекувајќи ја воен профитер.

Радуловиќ на Твитер напишал дека местото на Цеца и во Хаг, што предизвикало бурни реакции на социјалните мрежи. Запрашан за мислење на новата песна “Ми“, која неодамна ја исфрлил Дино Мрлин, Лаца одговорил:

– Јас сум повеќе, како што гледам сите тие воени хушкачи, кои сега без помош сакаат да се лустрираат, местото им е во Холандија во градот на искупување. Мерлин, Цеца и други…, напишал на социјалните мрежи.

Упатените на релација Ражнатовиќ-Туцаковиќ тврдат дека Цеца била затечена со испадот на синот на Марина со обзир на тоа дека сeмејството со години соработува, и дека Лача го гледала како син.

Овој потег не ги изненадува неговите пријатели кои тврдат дека во моменти кога е под дејство на опијати знае се и сешто да напише, за кое подоцна се кае… Единствено не им е јасно како во потсветста го нема фактот дека Цеца прва и се нашла на неговата мајка за помош кога ја водела борба со тешка болест…

Во обид да се добие коментар на испадот на Радуловиќ, побарана е Цеца за изјава, но таа не сакала ништо да коментира.