понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Дворските игри на Заев ги оставија вработените во второстепана комисија за инспекциски надзор и прекршочна постапка без плата два месеци

Уште едно неостварено ветување на Заев остана реконструкцијата на владата која требаше да се случи најдоцна до први мај. Токму поради најавената реконструкција неколку државни органи се без претседатели како и директори, места кои се чуваат за потенцијалните нови коалициони партнери во владата на Заев.
Дворските игри на Заев ги оставија вработените во второстепана комисија за инспекциски надзор и прекршочна постапка без плата два месеци

Дворските игри во владеачката коалиција  ги оставија вработените во Државната комисија за одлучување во втор степен во областа за инспекциски надзор и прекршочна постапка повеќе од два месеци без плата. Второстепената комисија е во застој и вработените се без плата поради тоа што е разрешен претходниот Претседател и не е назначен нов Претседател на комисијата.

-Со разрешувањето на Претседателот и членовите од претходниот состав на Државната комисија и неименувањето на нов состав на комисијата, вработените во стручната служба на комисијата веќе два месеци не зеле плата и целокупната работа и функционирање на Државната комисија е во застој, со што се засегнати и граѓаните на Република Македонија. За разрешување на овој проблем во два наврати се обративме до Собранието, по кои барања немаме одговор“, се вели во писмото од вработени во комисијата кое е испратено до медиумите.

За разрешување на проблемот од комисијата дури два пати се обратиле до Собранието односно, Талат Џафери и генералната секретарка на Собранието Цветанка Иванова, но не добиле ниту одговор ниту решение на нивните проблеми. Вработените во писмото до Собранието го потенцираат  фактот дека голем дел од нив имаат кредити во банките, а застојот на платата се одразува на нивната економска состојба. Вработените не можат да го остварат ниту правото на здравствена заштита поради тоа што никој не го плаќа нивното здравствено осигурување.

-Најголем број од вработените имаат кредитни обврски спрема банките и застојот во  исплатата на платата ќе се одрази врз нивната економска состојба. Исто така не може да се оствари и правото на лекување и земање на лекови од аптеките на сметка на Фондот за здравствено осигурување, што предизвикува дополнителен трошок и проблем за сите вработени. Поголем дел од вработените секојдневно патуваат од Гостивар, Кочани, Тетово, Куманово, Илинден и во случај да не им се исплаќа редовно плата нема да бидат во можност да го финансираат својот превоз до Скопје и назад, се вели во писмото испратено од комисијата до Собранието.

Уште едно неостварено ветување на Заев остана реконструкцијата на владата која требаше да се случи најдоцна до први мај. Токму поради најавената реконструкција неколку државни органи се без претседатели како и директори, места кои се чуваат за потенцијалните нови коалициони партнери во владата на Заев.

Огромен дел од претходните раководители на овие органи поради партиски реваншизам беа експресно разрешени, позиции на кои понатаму не беа именувани нови раководители поради недостатокот на кадровски решенија на владеачката коалиција, а сега се користат како чип за преговарање со новите коалициони партнери на Заев.

Најнови вести