сабота, 4. ноември 2023. Вести денес: 70
home Вести

Променливо облачно со дожд и ветер

Променливо облачно со дожд и ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно со засилен, наместа повремено силен ветер од јужен правец (над 60 км/час). Попладне под влијание на циклонска активност ќе има врнежи од дожд, најпрво во западните делови. Во ноќните часови врнежите ќе се прошират насекаде и наместа ќе бидат пообилни, проследени со грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13, а максималната ќе достигне од 21 до 24 степени.

Во Скопје променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, во делови од котлината пообилни. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 23 степени, соопшти УХМР.

Во сабота времето ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд, на повеќе места обилни (над 30 л/м2), а локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Во недела ќе дува засилен јужен ветер, а врнежи од дожд се очекуваат попладне во западните делови.

Потоа, во тек на следната работна седмица ќе преовладува стабилно и посончево време, а температурите ќе се задржат релативно високи, но со тренд на постепено намалување.

Најнови вести