Има помалку од две недели до најголемиот концерт за ова лето. 11 јуни, „Аква парк“ во Пробиштип – Цеца и Анастасија Ражнатовиќ за првпат со заеднички голем концерт.
Ова е нивни прв заеднички настап досега, а покрај македонската публика, се очекуваат и гости од соседните земји Бугарија и Србија.
Токму поради тоа хотелите во Пробиштип и околината веќе се резервирани од странски, но и домашни гости.
Организаторите на овој голем музички настан велат дека подготовките се во тек. Тие откриваат дека музичките ѕвезди во Македонија ќе пристигнат два дена порано, но не откриваат каде ќе престојуваат.
„Строго забрането е да откриеме каде ќе престојуваат, но можеме да ви откриеме дел од нивната рајдер-листа. Претпоставуваме дека луѓето мислат дека Цеца и Анастасија бараат „од пиле млеко“, но не е така. Како и сите нормални луѓе, тие бараат во бекстејџ да има ладна вода, свежи сокови, грицки и тоа е се“ – велат организаторите.
Инаку како што кажавме, ова е прв заеднички настап на мега ѕвездата Цеца и нејзината ќерка Анастасија Ражнатовиќ и прашање е дали воопшто некогаш повторно ќе се случи.
Карти за овој голем музички настан закажан за на 11-ти јуни во Пробиштип може да купите преку продажната мрежа на „www.kupikarta.com“.