понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Карлеуша проговори за пластичните операции: Имам скоро 40 години, градите одамна ги зголемив, но тоа не е крај…

Карлеуша проговори за пластичните операции: Имам скоро 40 години, градите одамна ги зголемив, но тоа не е крај…

Јелена Карлеуша отворено зборуваше за естетските корекции кои ги има направено на себе.

-Јас сум некој кој одамна, одамна ги зголеми градите. Кога е во прашање лицето, јас сум некој кој во август ќе наполни 40 години. Конкретно, кога е во прашање моето лице, јас одлучив да направам ситни корекции на борите, тоа да го направам кај човек кој тоа ќе го направи на најдобар можен начин, кажа Карлеуша и додаде:

-Да кажам дека тоа никогаш нема да го направам, би била голема лага. Зошто да не доведам своето тело до совршенство? Наместо во весниците да пишува: „Се здебелила“, „ја стигнаа годините“, зошто да не пишува „изгледа подобро од било кога“. Зборувам за сите жени, затоа што тоа многу значи кога е во прашање самодовербата, изјави пејачката.

Пејачката имаше порака за сите кои штедат на својот изглед.

-Многу јавни личности штедат на својот изглед, старлети, девојки од работа. Ќе им препорачам тоа да го прават кај најдобрите, вели Карлеуша.

Најнови вести