петок, 2. февруари 2024. Вести денес: 0
home Познати

Облечени во црно од глава до пети: Погребот на Туцаковиќ ги спои Цеца и Карлеуша, едната од нив плачеше на цел глас во капелата (ФОТО)

Облечени во црно од глава до пети: Погребот на Туцаковиќ ги спои Цеца и Карлеуша, едната од нив плачеше на цел глас во капелата (ФОТО)

Погребот на легендарниот српски текстописец Марина Туцаковиќ на едно место ги спој двете најголеми ривалки на Балканот, Светлана Цеца Ражнатовиќ и Јелена Карлеуша.

Двете пејачки освен на судот, сега имаа шанса да се сретнат и да бидат една до друга на погребот кај Туцаковиќ која и со двете беше блиска.

Foto: Marko Jovanović

И двете се појавија во црно криејќи ги уплаканите очи со црни очила за сонце. Цеца донесе огромен венец со бели ружи, додека Јелена со плачење и викање излегла од капелата.

ФОТО: Стефан Стојановиќ

Освен нив две, многумина пејачи се присутни за последен пат да се простат од неа, а меѓу нив се и Оливер Мандиќ, Саша Матиќ, Даниел Павловиќ и многу други.

Најнови вести