Адидас потврди дека Кристијано Роналдо не ја допрел топката по центаршутот на Бруно Фернандеш на синоќешниот натпревар против Уругвај, на мониторинг системот од чипот во топката не се забележа никаква реакција.
Португалија синоќа со 2-0 го совлада Уругвај и обезбеди пласман во осминафиналето, но по натпреварот топ тема е Кристијано Роналдо.
Водечкиот гол во прв момент му беше препишан на напаѓачот, но одлуката потоа беше променета и во листата на стрелци се појави Бруно Фернандеш.
По крајот на натпреварот, Кристијано Роналдо му гестикулираше на судијата дека ја допрел топката со глава, дури се говореше дека Фудбалската федерација на Португалија ќе испрати жалба до ФИФА и ќе понуди докази со кои ќе бара да се смени името на стрелецот, и погодокот да му биде препишан на ЦР7.
Сепак, од Адидас се огласија и објавија дека Кристијано Роналдо не ја допрел топката по центаршутот на Бруно Фернандеш. Во топките на Адидас има чип кој реагира контакт, и на мониторинг системот не се забележува никаква реакција.
Adidas have confirmed no contact was made between the World Cup matchball and Cristiano Ronaldo, thanks to a 500Hz IMU sensor and Connected Ball Technology housed in Adidas’s Al Rihla used in the tournament… 👀❌ pic.twitter.com/v9MvtFXnMT
— Sky Sports Football (@SkyFootball) November 29, 2022