четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Баерн не размислува за трансфер на Роналдо

Баерн не размислува за трансфер на Роналдо

Кристијано Роналдо нема да се пресели во Баерн Минхен, објави „Билд“. Клубот од Минхен не планира да потпише договор со напаѓачот на Манчестер јунајтед.

Прво, германскиот шампион не е заинтересиран за трансферот на Португалецот поради неговата висока плата, што би ја нарушило структурата на платниот список на Баерн. Второ, тимот се сомнева дека 37-годишниот фудбалер ќе се вклопи во стилот на тренерот Јулијан Нагелсман базиран на притисок.

Застапниците на Роналдо се во потрага по соодветен клуб за својот клиент. Роналдо не се појави на подготовките на Манчестер јунајтед. Тој сака следната сезона да игра во тим кој има изборено учество во Лигата на шампионите.

Англиските медиуми деновиве шпекулираа со можно негово заминување во Баерн или Челзи.