среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Член на ФИФА објасни како Роналдо изнудува пенал

Член на ФИФА објасни како Роналдо изнудува пенал

Фудбалскиот свет будно го следи Светското првенство во Катар и случувањата на натпреварите, а прашина во јавноста се крена кога на Кристијано Роналдо му беше досуден пенал на натпреварот против Гана.

Интересен коментар за целата ситуација даде членот на Техничката комисија на ФИФА, Сандер Олисех.

Поранешниот нигериски репрезентативец, е еден од членовите на комисијата која ја води Арсен Венгер.

-Можеби напаѓачите денеска се попаметни. Луѓето можат да зборуваат што сакаат, но тој покажа дека е вистински гениј кога треба да се изнуди пенал. Покажа памет, дека треба да почека секунда за да ја допре топката за неговата нога да дојде во контакт со противникот. Им оддаваме признание на напаѓачите колку станаа паметни за ваква игра, вели Олисех.