петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Дибала: Кристијано има сериозно влијание врз другите во тимот

Дибала: Кристијано има сериозно влијание врз другите во тимот

Напаѓачот на Јувентус, Паоло Дибала изјави дека Кристијано Роналдо придонел за успесите и ситуацијата во тимот.

Дваесет и петгодишниот аргентински напаѓач изрази задоволство поради можноста да игра рамо до рамо со носителот на „Златната топка“.

– Многу сме среќни поради доаѓањето на Роналдо во Јувентус. Мислам дека се оди добро за нас. Иако дојде неодамна во тимот, Кристијано има сериозно влијание врз другите во составот. Знаевме одлично каков е неговиот стил на игра. Роналдо и јас ќе постигнеме уште многу голови заедно, изјави Дибала за „Мирор“.

Во тековната сезона, Дибала одигра 14 натпревари во италијанскиот шампионат и постигна шест гола, Роналдо настапи на 15 средби со девет гола и пет асистенции.