недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Еве што мисли “специјалниот“ за продолжување на сезоната во англиската Премиер лига

Еве што мисли “специјалниот“ за продолжување на сезоната во англиската Премиер лига

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо издаде изјава во која го објаснува неговиот став за продолжување на сезоната во Премиер лигата.

Вчера, менторите на сите елитни клубови одржаа конференциски повик организиран од Здружението на менаџерите. Синоќа некои медиуми објавија дека Португалецот се залага за одложување на рестартирањето.

Денес, меѓутоа, „Мирор“ откри дека ставот на Мурињо е точно спротивен и тој беше еден од менаџерите кој најитно сакал првенството да се обнови. Ова е точно она што го потврди самиот Португалецот.

– Мислам дека мојата позиција за време на средбата не беше одразена во некои извештаи. Не сакав никакво одложување. Сакам да тренираме и очајно сакам Премиер лигата да продолжи што е можно поскоро кога ќе биде безбедно. Особено кога гледаме други првенства, кои се подготвуваат да се вратат во акција, рече Мурињо во изјавата испратена до медиумите на Островот.