петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ФАНОВИТЕ ЗАГРИЖЕНИ: Роналдо поради овој здравствен проблем ќе го пропушти натпреварот против Нигерија

ФАНОВИТЕ ЗАГРИЖЕНИ: Роналдо поради овој здравствен проблем ќе го пропушти натпреварот против Нигерија

Кристијано Роналдо поради здравствени причини ќе го пропушти првиот натпревар на Португалија пред почетокот на Светското првенство во Катар.

Ова информација ја соопшти селекторот на португалскиот национален тим Фернандо Сантос.

– Тој нема да биде подготвен за утрешниот натпревар, се одмара. Како што знаете, гастритисот ги прави играчите физички слаби, рече Сантос.

Натпреварот Португалија – Нигерија ќе се игра вечер од 19:45 часот во Лисабон.

Португалија првиот натпревар на СП 2022 ќе го одигра на 24 ноември против Гана.