Италијанскиот новинар Танкреди Палмери на Твитер објави фотографии од претседателот на Јувентус, Андреа Ањели, за кои вели дека тој лета кон Грција, каде на одмор е отиден Кристијано Роналдо.
Инаку, веќе 10-тина дена трансферот на Кристијано Роналдо во Јувентус е главна тема во сите светски медиуми.
Тој би требало да изнесува најмалку 100 милиони евра, кои ќе ги добие Реал Мадрид, а Португалецот во Торино би имал годишна плата од 30 милиони евра или вкупно 120 милиони евра за 4 години.