четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ФОТО: Роналдо ги честел вечера соиграчите, тројца не дошле

ФОТО: Роналдо ги честел вечера соиграчите, тројца не дошле

Кристијано Роналдо ги извел своите соиграчи од Португалија на вечера на Светското првенство во Катар додека зад себе ја остава драмата околу неговото заминување од Манчестер Јунајтед.

Тимот на Португалија бил фотографиран заедно на вечера откако селекторот им дал пауза од тренинзи.

Единствените играчи кои недостасувале на вечерата биле Хозе Са, Жоао Кансело и Бернардо Силва. Според пишувањата на британските медиуми тие не го бојкотирале Роналдо, туку одлучиле слободното време да го поминат со родните кои ги имаат во Катар.

Според El Espanol, Роналдо ги извел своите соиграчи на вечера во неодамна отворениот ресторан Тател де Доха. Ресторанот е дел од Mabel Hospitality, каде како партнери на компанијата се Роналдо и Рафаел Надал.

Тие биле излезени до 23.30 часот кога играчите од ресторанот ги земал нивниот автобус.