вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Георгина со емотивен статус и солзи за магичната ноќ на Роналдо: Господ ти дава, зашто светот е твој! (ФОТО)

Георгина со емотивен статус и солзи за магичната ноќ на Роналдо: Господ ти дава, зашто светот е твој! (ФОТО)

Вереницата на најпопуларниот светски фудбалер Кристијано Роналдо, Георгина Родригес синоќа плачеше од радост, откако португалскиот ас постигна хет-трик за триумф и четвртфинале за Јувентус во пресметката со Атлетико Мадрид во Торино.

Георгина после големата и спектакуларна ноќ на нејзиниот вереник, со кого имаат ќерка Алана Марија, емотивно на социјалните мрежи му се обрати на Роналдо, но и на целата светска јавност за тоа колку е горда на Португалецот. Герогина е голема поддршка за Роналдо, која застана зад него и кога фудбалерот на Јувентус преживуваше тешки моменти со обвинувањето за силувањето во Лас Вегас пред една деценија.

-Ова 3-0 никој не може да го украде. Го заслужи тоа, не само трите гола вечерва. Ти си приколката за соиграчите, за тренерите, на сите што се восхитуваме и те поддржуваме секој ден. Кармата постои! Бог знае, а Бог ти дава, зашто светот на фудбалот е твој! Те сакаме – Кристијанињо, Матео, Ева, Алана и Герогина, напиша Родригез.

Нејзината емотивна порака експресно стана вирален хит. Роналдо стигна до осмиот хет-трик во ЛШ и се израмни со Лионел Меси, а е убедливо најдобар стрелец во Лигата на шампионите со 126 гола.