четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Гвардиола го помина Мурињо во победите во ЛШ

Гвардиола го помина Мурињо во победите во ЛШ

Манчестер сити синоќа ја победи Борусија Менхенгладбах во реванш осминафиналето од Лигата на шампионите со 2:0. За тренерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола, оваа победа беше 82. во елитното фудбалско натпреварување. Во оваа статистичка категорија Гвардиола се искачи на четвртото место, престигнувајќи го сегашниот кормилар на Тотенхем, Жозе Мурињо.

Само три тренери извојуваа повеќе победи од шпанскиот стручњак во Лигата на шампионите: Арсен Венгер (86), Карло Анчелоти (89) и Алекс Фергусон (102).

Манчестер сити се пласираше во четвртфиналето на турнирот, а Гвардиола може теоретски да дојде на третото место во победи оваа сезона ако победи во две четвртфиналиња и две полуфиналиња, како и во финалето.