понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Холандија не се плаши: Ван Гал ја откри најголемата слабост на Меси

Холандија не се плаши: Ван Гал ја откри најголемата слабост на Меси

Репрезентацијата на Холандија ќе се соочи против Аргентина во четвртфинале на Светското првенство (СП), а селекторот Луј Ван Гал во разговор со новинарите откри дека има план за Лионел Меси.

Ван Гал вели дека Холандија не се плаши од Меси и откри дека Аргентинецот има голема слабост која ќе се обидат да ја искористат.

„Меси е способен да создаде шанси за неговите соиграчи, но и да постигне фантастични голови. Меѓутоа, кога ќе ја загуби топката, тој не учествува во одбрана и ние ќе се обидеме тоа да го искористиме“, вели Ван Гал.