петок, 19. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Холанѓаните се први четвртфиналисти на СП во Катар, еве против кој би можеле да играат!

Холанѓаните се први четвртфиналисти на СП во Катар, еве против кој би можеле да играат!

Репрезентацијата на Холандија се пласира во четврт-финалето на Мундијалот во Катар откако во првата осминафинална пресметка славеше против селекцијата на Соединетите Американски Држави со 3:1.

Тимот на Луј ван Гал знаеше тактички како да им се спротистави на Американците, ги навлече, а потоа зададе два удари, преку Мемфис Депај во десеттата и Дејли Блинд во 45.минута од дуелот.

САД не се откажа така лесно, продолжи да напаѓа во вториот дел и успеа да намали со голот на Хаџи Врајт во 76.минута. Но, Холандија не дозволи многу надеж за американските фудбалери и постигна трет гол преку Дензел Думфрис во 81. минута од мечот.

Холанѓаните во четврт-финалето ќе го чекаат подобриот од вечерашниот дуел меѓу Аргентина и Австралија.