вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Јувентус му даде време на Роналдо да се врати во Италија до крајот на неделава

Јувентус му даде време на Роналдо да се врати во Италија до крајот на неделава

Раководството на Јувентус му даде можност на Кристијано Роналдо и на другите странци во составот надвор од Италија да се вратат во Торино до недела, 19 април, пренесува „Ла Република“.

Од понеделник, играчите мора да бидат изолирани две недели, како што бараат италијанските власти. Италијанските тимови се надеваат дека ќе започнат со тренинзи на почетокот на мај со ригорозни мерки за да се спречи ширењето на коронавирусот, со тоа што фудбалската федерација на земјата подготвува медицински протокол со барања за играчи.

Покрај Роналдо, во последните недели има уште три „легионери“ на Јувентус надвор од Италија – Даглас Коста, Миралем Пјаниќ и Сами Кедира.