понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Јувентус најде замена за Буфон- клубот ќе плати 8 милиони евра за овој голман

Јувентус најде замена за Буфон- клубот ќе плати 8 милиони евра за овој голман

На денот на објавувањето на заминувањето на Џанлуиџи Буфон, Јувентус ги финализираше преговорите за привлекувањето на голманот на Џенова, Матија Перин.

Според „Газета Дело Спорт“, Торино ќе плати околу 8 милиони евра за 25-годишниот голман, што е драстично помалку од 20-те милиони, што првично ги побара Џенова.

Перин ќе потпише договор за пет години, а неговата плата ќе изнесува околу 2 милиони евра.

Во отсуство на Буфон, фаворит за стартер кај „старата дама“ е Војчех Шчесни, а со доаѓањето на Перин шефовите на клубот сакаат да ја зголемат конкуренцијата.