вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Јувентус сака да му го продолжи договорот на Кристијано Роналдо

Јувентус сака да му го продолжи договорот на Кристијано Роналдо

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо и оваа сезона важи за еден од најдобрите стрелци во италијанското првенство, иако овој февруари ќе наполни 36 години.

Јувентус сака да го задржи во своите редови и според италијанските медиуми започна преговори за продолжување на неговиот договор.

Претходниот завршува наредното лето, меѓутоа „старата дама“ посакува соработка на уште една година, поточно до 2023 година.

Оваа сезона Португалецот постигна 22 гола на 23 одиграни натпревари.