среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Коментатор на Премиер лига спиел со другарка на ќерка му додека сопругата боледувала од рак: Сега ја ожени 31 година помладата девојка (ФОТО)

Коментатор на Премиер лига спиел со другарка на ќерка му додека сопругата боледувала од рак: Сега ја ожени 31 година помладата девојка (ФОТО)

Поранешен спортски коментатор кој работел на Премиер лига направил скандал, поради кој сега го е главна вест во британските медиуми.

Ричард Киз е 66-годишен поранешен коментатор на Sky Sports, кој овојпат е во центарот на вниманието поради неговиот приватен живот.

Киз се оженил со Луси Роуз, 35-годишна пријателка на неговата ќерка, во која се заљубил и започнал афера додека неговата сопруга боледувала од рак.

Тој стапил во брак со Луси, откако ја напуштил болната сопруга, а за свадбената церемонија платил десетици илјади фунти.

На свадбата присуствувале семејството и пријателите, но не и неговата 38-годишна ќерка Џема и неговиот син Џошуа. Ричард се разделил од сопругата Џулија Кис по 36 години брак кога приказната за неговата афера и изневерување стана јавна во 2016 година.

Сопругата Јулија била емотивно уништена од аферата, но успеала да ја добие животната битка и да го победи ракот.

Неверството на Киз ја погодила неговата ќерка која паднала во депресија и се предала на алкохолот. Таа дури завршила на суд поради заканувачки пораки кои ги испраќала до нејзината поранешна пријателка.