Премиерот на Италија, Џузепе Конте изјави дека сите натпревари од следното, 26.коло од италијанската Серија А можат да бидат одложени поради коронавирусот во земјата.
– Не мислам дека за само една недела ќе можеме да се справиме со инфекцијата толку многу за да можеме да продолжиме со спортски настани. Постојано ја следиме ситуацијата и ќе ја оценуваме. Ќе го следиме развојот на болеста и ќе ја процениме можноста за одложување на сите натпревари следната недела, изјави Конте за „Фудбал Италија“.
Доколку се донесе одлука за одложување, тоа ќе влијае не само во Серија А, туку и на преостанатите дивизии, вклучително и аматерски лиги.
Натпреварот од 1/16 финалето на Лига Европа Интер – Лудогорец, кој ќе се одржи на 27 февруари, може да се игра пред празните трибини.
Во 25. коло од шампионатот на Италија, викендот беа одложени четири натпревари. Новиот датум сè уште не е објавен.