Најпрво Манчестер Сити стигна до победа од пенал, потоа истото го сторија Ливерпул и Челси, за вечерва и Манчестер јунајтед да стигне до триумф од белата точка.
„Ѓаволите“ ги однесоа трите бода од гостувањето кај Норич благодарејќи на Кристијано Роналдо, кој изнуди најстрога казна на 15 минути пред крајот и потоа прецизно погоди од 11 метри за 0-1.