Двете шпански најсилни фудбалски лиги ЛаЛига и Секунда оваа сезона имале приходи од неверојатни 3,6 милијади евра, што е за 496 милиони повеќе од минатата година.
Четириесет отсто од таа сума лигата ги добила на име на телевизиски права (1,45 милијарди).
Приходите на стадионите донеле 746 милиони евра, маркетингот 622 милиони, и трансфери вредни 475 милиони, како и неколку стотини милиони на други извори.
-Ова е најдобрата сезона во финансиска смисла, изјави извршниот директор на Лалига, Хавиер Гомес за шпанските медиуми.
Меѓутоа, Шпанците поприлично заработуваат, сепак се уште не можат да и пријдат на Премиер Лигата која самостојно прави многу повеќе пари.
Англичаните уште во сезоната 2015/2016 заработија 4,9 милијарди долари, а според проценките, во минатата сезона сумата пораснала на 5,2 милијарди евра.