среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Лоши вести за Интер: Брозовиќ позитивен на Ковид

Лоши вести за Интер: Брозовиќ позитивен на Ковид

Фудбалската федерација на Хрватска потврди дека Марцело Брозовиќ и уште еден член на стручниот штаб на репрезентацијата се позитивни на коронавирус.

– Резултатите од тестирањето донесоа два позитивни резултати, на репрезентативецот Марсело Брозовиќ и на еден член на стручниот штаб. Двајцата веднаш се изолирани од останатите членови на репрезентацијата, објави Федерацијата.

Пред неколку дена беше објавено дека Домогој Вида играл заразен на мечот против Турција, па беше за очекување дека ќе има и други позитивни на коронавирус.

Ова е лоша вест за Интер, бидејќи Брозовиќ е еден од најважните фудбалери на „нероаѕурите“ и нема да можат да сметаат на него во наредниот период.