сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Лука Јовиќ оди во изолација! Фудбалерот повторно во проблеми

Српскиот репрезентативец Лука Јовиќ, според шпанските медиуми, ќе ја пропушти утакмицата на неговиот тим затоа што во наредните денови мора да биде во изолација.
Лука Јовиќ оди во изолација! Фудбалерот повторно во проблеми

Како што пренесуваат шпанските медиуми, Лука Јовиќ ќе мора да оди во изолација на одредено време, затоа што негов пријател добил позитивни резултати од тестот за корнавирус.

За среќа, наодите на Јовиќ се негативни, но заради мерки на претпазливост ќе мора да помине некое време во карантин.

Тоа значи дека нема да може ни да тренира со својот тим, па затоа е и отпишан од дуелот против Депортиво Алавеса во наредното коло.

За потсетување, Јовиќ неодамна се опорави од повреда и доби прилика во последните минути во средбата со Атлетик Билбао во претходното коло.