По две кола пауза англискиот фудбалски гигант Манчестер Јунајтед прокнижи три бода и убедливо го совлада Саутемтон со 9-0 во рамки од 22. коло од Премиер лигата.
Дебитантот Јанкевич стартуваше страотно врз ногата на Мектомнеј уште во втората минута и заврши во соблекувална. Овој црвен картон беше одлучувачки, со оглед на тоа што избраниците на Оле Гунар Солскјар максимално ја искористија бројчаната предност за да го понижат гостинот.
Ван-Бисака и Рашфорд ја отворија голеадата и најавија што ќе се случува до крајот. Домашните фудбалери не покажаа милост, а им помогна Беднарек, кој си ја затресе сопствената мрежа. Пред паузата погоди и Кавани, за да стави печат на очајниот прв дел за „светците“.
Шанса во продолжението доби Марсијал кој веднаш ја искористи за да го постигне петтиот погодок. Мектомнеј од далечина зголеми на 6-0, а конечниот резултат го поставија Фернандеш од пенал, Марсијал со својот втор гол на мечот и Џејмс во надополнувањето. Кошмарната вечер за Беднарек заврши со исклучување и фаул за најстрога казна во корист на „црвените ѓаволи“.
Во вториот меч од вечерниот термин Кристал Палас запиша големи три бода на гостувањето кај Њукасл каде победи со 3-1.