Манчестер Јунајтед ремизираше без голови против Вотфорд на „Олд Трафорд“ и повторно се „лизна“ дома во трката за обезбедување пласман во Лигата на шампионите.
Тимот на Ралф Рангник сега има 47 бода, два повеќе од Арсенал, но „топчиите“ имаат дури три одиграни натпревари помалку.
Кристијан Ериксен заигра повторно во Премиер – лигата, го имаше дебитантскиот настап во дресот на Брентфорд, но овој тим загуби дома од Њукасл со 0-2. Џошуа Дасилва доби црвен картон уште во 11.минута, а Жоелингтон и Вилок тоа знаеја да го казнат.
Кристал Палас и Барнли ремизираа 1-1.