четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Не е само Роналдо: И овој фудбалер на Јувентус му возврати на Симеоне покажувајќи му го меѓуножјето (ФОТО)

Не е само Роналдо: И овој фудбалер на Јувентус му возврати на Симеоне покажувајќи му го меѓуножјето (ФОТО)

Може само да се замисли колку Диего Симеоне ги мотивирал фудбалерите на Јувентус со својата вулгарна прослава на првиот меч од осминафиналето на Лигата на шампионите.

Не за џабе Кристијано Роналдо го имитираше по реваншот, но истото го направил уште еден фудбалер. Камерите не го фатија Миралем Пјаниќ, но со задоцнување и негова фотографија излезе на социјалните мрежи.

Новинарите пак ги интересираше и мислењето на аргентинскиот стратег за контроверзната прослава на Кристиано Роналдо кој го направи она што Симеоне правеше во првиот натпревар и се фати за меѓуножјето.

„Сигурно го направи истото што и јас на Ванда. Размислувајќи за навивачите и покажување карактер на голем клуб каков што е Јувентус“, порача Симеоне.