вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Неверојатни суми: Откриена тајна клаузула во милионскиот договор на Роналдо со Јувентус (ВИДЕО)

Неверојатни суми: Откриена тајна клаузула во милионскиот договор на Роналдо со Јувентус (ВИДЕО)

Најголемата трансфер бомба во фудбалот ова лето беше трансферот на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид во Јувентус. Неговата плата во Старата дама е „монструозни“ 30 милиони евра годишно, но тоа не е се што може тој да заработи од торинскиот клуб.

Португалецот во својот договор со Јувентус има и тајна клаузула во договорот, која му гарантира уште милиони.

Но, италијанските медиуми откриваат дека тоа не е се, Роналдо во својот договор има и точка која се вика „гол по натпревар“, според која може да заработи и дополнителни пет милиони евра бонус, доколку на крајот од сезоната има во просек по еден гол на натпревар.

На фудбалските фанови добро им е позната желбата за голови која ја има Роналдо, а овие пет милиони евра ќе му бидат само дополнителна мотивација во продолжението од сезоната.

Роналдо на вчерашниот меч со Сасуоло ги постигна првите два погодоци за Јувентус, откако во првите три меча не успеа да се запиша во листата на стрелци.