Репрезентацијата на Португалија обезбеди пласман во осминафиналето на Светското првенство во Катар откако вчера вечерта славеше со 2:0 против Уругвај.
Двата гола ги постигна Бруно Фернандеш, иако ФИФА првиот гол првично му го припиша на Кристијано Роналдо.
По десетминутно прегледување на снимката, ФИФА ја промени одлуката, одлучи дека Роналдо не ја допрел топката и голот му го припиша на Фернандеш, но со тоа не се согласува Фудбалската федереција на Португалија.
Роналдо тврди дека ја допрел топката, но технологијата ја разреши дилемата бидејќи топката „Ал-Рихла“ со која се играат натпреварите на СП во Катар има сензори кои реагираат на секој допир.
Според технологијата, Роналдо не ја допрел топката, но и покрај тоа, Фудбалската федерација на Португалија поднесе жалба до ФИФА со која бара голот да му се припише на Роналдо.