Португалија не се справи со Мароко и поразот од 1-0 значеше елиминација за фаворитот од Светското првенство.
Португалците имаа доминатна партија во осминафиналето против Швајцарија (6-1), но потоа беа далеку од истата против Мароко кој даде еден гол и потоа успешно во свој стил, цврсто и борбено се одбрани за пласман во полуфиналето и нова историја.
Со ова заврши еден сон, сон за мундијалска титула на Кристијано Роналдо кој со солзи во очите го напушти теренот што секако доволно говори колку му значеше да има успех со националниот тим на оваа сцена.
Околу ова свој коментар имаше Гери Невил кој во изминативе месеци имаше критики на адреса на ѕведата која во моментов е без клуб.
-Сакам да го спомнам Кристијано Роналдо затоа што ја видов сликата како плаче во тунелот. Тоа беше ужасна слика за мене. Тоа е моментот кога тој знае дека исчезна неговиот сон да го освои Светското првенство за неговата земја.
-Сите сме биле таму на крајот од нашите кариери, но тој е еден од најголемите, ако не и најдобриот играч на сите времиња. Беше ужасно да го гледам таков. Имаше тешки неколку месеци, -рече Гери во подкастот за „Скај Спорт“.