вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Николов во изјава за КУРИР со порака до Роналдо: Доаѓа мала земја, со големи срца!

Николов во изјава за КУРИР со порака до Роналдо: Доаѓа мала земја, со големи срца!

Македонската фудбалска репрезентација вчера ја совлада репрезентацијата на европскиот првак Италија минимално со 0:1.

Со овој триумф Македонија успеа да се пласира во финалето на баражот за СП во Катар.

Македонскиот фудбалер Бобан Николов кој беше еден од најистакнатите во вчерашниот натпревар во изјава за КУРИР ни кажа каква е атмосферата моментално во репрезентацијата, дали е подготвена стратегијата за Португалија и испрати порака на најголемата фудбалска ѕвезда моментално на планетата, Кристијано Роналдо.

 

Прашање: Каква е атмосферата моментално во репрезентацијта?

Николов: Атмосферата е одлична и те како ни даде самодоверба за финалето, знаеме дека можеме и драго ми е што носиме радост за нашата мила напатена Македонија.

 

Прашање: Подготвена ли е стратегијата за Португалија?

Николов: Од утре се подготвуваме за Португалија, така да имаме доволно денови да ја анализираме Португалија, но најбитни сме ние ако гинеме како со Италија, МОЖЕМЕ ДО ПОБЕДА.

 

Прашање: Која е твојата порака до Роналдо?

Николов: Доаѓа мала земја со големи срца!