петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Одлична умешност: Овој голман тренира на крајно чуден начин (ВИДЕО)

Голманот на тајландската фудбалска репрезентација Кавин Тамсатчанан рефлексите и способностите место на фудбалскиот терен, нив ги развива и на плажа. Погледнете како изгледа еден таков тренинг.
Одлична умешност: Овој голман тренира на крајно чуден начин (ВИДЕО)

Можеби името на 27 годишниот Кавин Тамсатчанан не ви говори многу. Се работи за голман на тајландската репрезентација чие видео од неговиот тренинг овие денови е доста популарно по социјалните мрежи.

Имено, Тамсатчанан тренира на плажа и тоа поставувајќи секакви задачи кои пред него ги постави тренерот. Вежбите се навистина спектакуларни.

Инаку, овој голман е капитен на локланиот прволигаш Муангтонг Јунајтед, а за националниот им има одиграно 45 наптпревари, од 16 ги завршил со празна мрежа. Можеби ова ќе му помогне да ја поправи статистиката.