вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Сите мечеви во Серија А викендот пред празни трибини

ОФИЦИЈАЛНО: Сите мечеви во Серија А викендот пред празни трибини

Италијанците постигнаа договор да нема прекин на Серија А поради ширењето на коронавирусот, но мечевите во претстојниот викенд да се играат зад затворени врати за публика.

„Првенството продолжува, но без присуство на гледачи. Ќе се обидеме да не ги запреме спортските активности, меѓутоа мора да мислиме на здравјето и заштитата на навивачите и на спортистите“, изјави италијанскиот министер за спорт, Винченцо Стадафора.

Претходните денови имаше откажувања бна бројни спортски настани во Италија за што и се свика денешниот итен состанок на клубовите со Стадафора, бидејќи е загрозена и регуларноста на првенството.