Англиската Премиер лига наредната сезона ќе има голема новост, затоа што дел од натпреварувањето ќе стане ВАР-технологијата која зема голем замав во фудбалска Европа.
Грешките на судиите се се почести, па затоа првенствата почнаа да ја прифаќаат видео-технологијата која им помага на делителите на правдата. Клубовите од Премиер лигата иако претходно се противеа, сега гласаа „за“ и поднесоа барање до челниците и до ФА за имплементирање на системот.
ВАР-технологијата се користеше на СП 2018 во Русија, а исто така се користи и во врвните фудбалски лиги како Италија и Германија.
Извор: gol.mk