Откако Алан Пардју доби отказ, Дарен Мур ја презема клупата на ВБА и беше блиску до опстанок во Премиер лигата. Ја доби наградата за тренер на месецот, но само четири часа подоцна, неговиот тим испадна од лигата.
Вест Бромвич Албион по катастрофалната серија, каде врзаа осум порази во серија, направи одлична серија и беше близу до чудо. После смената на Алан Пардју, на клупата дојде Дарен Мур, кој за само еден месец на клупата успеа да ги победи Манчестер Јунајтед и Тотенхем, а да ремизира со Ливерпул.
Премиер лигата го препозна знаењето кај Мур и го одликуваше со титулата тренер на месецот. Тоа го прославија сите во клубот фотографирајќи се со наградата.
-Среќен сум, за наградат се заслужни сите овде во клубот. Беше тоа голема поврзаност помеѓу сите нас во клубот која помогна играчите да го дадат најдоброто од себе на теренот. Работиме многу добро и убаво е да се видиме промената во овие месец дена и се надевам дека ќе продолжиме добро да работиме, кажа Мур, откако ја прими наградат пред 118 членови на клубот, од играчите до рецепционерот.
? Your Barclays Manager of the Month…@DarrenMooro ?? ?#WBA pic.twitter.com/zn3s3MRIwH
— West Bromwich Albion (@WBA) May 8, 2018
Но, само четири часа откако ја прими наградата, ВБА испаднаа од лигата.
Имено, на тимот од Бирмингем му требаше нерешен резултат од средбата меѓу Саутемптон и Свонси и победа во последното коло над Кристал Палас. Но, Саутемптон со победата кај Свонски практично си го обезбеди опстанокот, а Вест Бромвич Албион го испрати во ранг подоле.
Darren Moore…
Win’s Manager Of The Month award at 17:30pm…Gets Relegated at 21:30pm.
Football, It’s a cruel old game. pic.twitter.com/5yIq9AqYVy
— Footy Accumulators (@FootyAccums) May 8, 2018
Оваа наградата практично ќе биде утеха за тренерот и неговата екипа, како и надеж дека со тренерот чии квалитети ги препознаа во Премиер лигата, ќе се вратат во најелитниот ранг на англискиот фудбал за само една година.