четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Пепе за Роналдо: Тој е знамето на Португалија што се протега низ целиот свет

Пепе за Роналдо: Тој е знамето на Португалија што се протега низ целиот свет

Португалија доживеа неочекуван неуспех во втората нокаут рунда на Светското првенство, поточно поразот од Мароко од 1-0 значеше крај на настапот на 22. фудбалски мундијал.

Ова воедно значеше и крај на еден мундијалски сон за играчи како Пепе и Кристијано Роналдо, асови кои долги години се столб на оваа селекција. Дефанзивецот беше редовно во почетната постава на овој шампионат, додека Роналдо беше седнат на клупата во најважните битки, односно добиваше шанса од клупата против Швајцарија и Мароко.

Кој ќе биде следниот потег на Роналдо околу националниот тим останува да видиме, но во меѓувреме Пепе посочи колку е тој значаен.

-Роналдо добро се снајде. Тој е знамето на Португалија кое се протега до сите страни на светот. Тој беше повикан во репрезентацијата и даде свој придонес. Мораме да му се заблагодариме на него и на нашите соиграчи кои дадоа се од себе. Како што кажав и претходно, им благодарам на луѓето за љубовта и поддршката, тоа го чувствуваме, -порача Пепе при враќањето од Светското првенство во Катар.