понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Петочните дуели во Велика Британија одложени поради смртта на кралицата

Петочните дуели во Велика Британија одложени поради смртта на кралицата

Англискиот фудбал најмалку еден ден ќе биде стопиран, поради смртта на најдолговечниот монарх – кралицата Елизабета Втора.

Информацијата ја потврдија клубовите кои своите натпревари требаше да ги играат во петок. Во договор со ЕФЛ, донесена е одлука сите мечеви кои требаше да бидат во петок, а се дел од островскиот фудбал, да бидат одложени.

Се очекува потврда за деновите кои следат, затоа што ЕФЛ уште се нема огласено околу дуелите кои треба да се играат во сабота, недела и понеделник.

Кралицата на Британија почина на 96-годишна возраст, по 70-годишно владеење.