петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Премиер лигата ќе го тестира ВАР системот

Премиер лигата ќе го тестира ВАР системот

Премиер лигата ќе го тестира ВАР системот на 15 натпревари, но засега нема планови видео технологијата да се користи следната сезона.

Системот првпат ќе биде тестиран на 15 септември на пет натпревари, на кои меѓу другите ќе настапат и Арсенал, Челзи и Манчестер сити.

На овие натпревари иако ќе биде инсталирана ВАР технологијата судијата нема да може да ја користи, бидејќи ќе нема директен контакт со тимот кој ќе го набљудува видео материјалот.

Првична цел на овие тестирања е да се види дали видео тимот може да следи повеќе натпревари во исто време, како и дали ќе одговори на барањата на теренот.

Премиер лигата е една од последните големи лиги, која се уште активно не ја користи ВАР технологијата.