сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Премиер лигата може да биде домаќин на летен претсезонски турнир во САД

Премиер лигата може да биде домаќин на летен претсезонски турнир во САД

Англиската Премиер лига може да одржи летен претсезонски турнир во САД во 2023 година, објави американскиот новинар Дејвид Орнштајн.

Според него, форматот на натпреварувањето се уште не е одреден, но, како што е планирано, на него ќе учествуваат шест екипи поделени во две групи.

Домаќини на турнирот ќе бидат неколку градови на источниот и западниот брег на САД. Претходно, врвните клубови во Англија повеќепати учествуваа на претсезонски турнири во САД.

Во тековната сезона лидер во поредокот во Премиер лигата е Арсенал со 27 бодови. Следат Манчестер сити и Тотенхем со по 23. Челзи кој е четврти има 19 бодови. На петтото место е Манчестер јунајтед со 16, шести е Њукасл со 15. (МИА)