сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Премиерлигашите добија дозвола за пријателски натпревари во подготовките за продолжување на сезоната

Премиерлигашите добија дозвола за пријателски натпревари во подготовките за продолжување на сезоната

На клубовите од Англиското фудбалско првенство им е дозволено да играат пријателски натпревари во подготвителниот период пред продолжување на сезоната.

Според „Телеграф“ дозволено е да се спроведе спаринг против екипи до кои може да се стигне побрзо, најмногу за еден и пол час, а секој играч мора да дојде со личен превоз. Покрај тоа, нема да има официјални судии на ваквите натпревари.

Продолжувањето на сезоната во англиската Премиер лига, прекината поради пандемијата на коронавирус, е закажано за 17 јуни.