Францускиот фудбалер Франк Рибери го продолжи договорот со Баерн Минхен и ќе остане во баварскиот клуб до крајот на следната сезона.
На 35-годишниот фудбалер договорот му истекуваше на крајот од оваа сезона, но управата на Баерн реши да ја продолжи соработката.
Рибери од 2007 година е дел од тимот на Баерн Минхен, а со клубот освои осум титули во Бундес лигата, пет трофеи во Купот на Германија и трофејот во Лигата на шампионите.
МИА