недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Роналдо денот во Торино продолжува: Јувентус објави ново ексклузивно видео- Кристијано се запозна со соиграчите (ВИДЕО)

Роналдо денот во Торино продолжува: Јувентус објави ново ексклузивно видео- Кристијано се запозна со соиграчите (ВИДЕО)

Во Торино во таборот на Јувентус, денеска е ЦР7 денот, така управата го најави доаѓањето на Кристијано Роналдо во нивниот клуб.

Клубот на својата официјална Фејсбук страна, објави видео од првата средба на Роналдо како играч на Јувентус со соиграчите.

Погледнете како изгледаше првата средба на Роналдо со дел ѕвездите на италијанскиот клуб.

Инаку, Роналдо во Јувентус доаѓа за 112 милиони евра, од кои 100 одат за Реал Мадрид, а неговата годишна плата ќе изнесува 30 милиони евра или вкупно 120 милиони за четири години.

Во Торино владее вистинска еуфорија поради трансферот на големата ѕвезда, фановите очекуваат дека со него клубот конечно ќе го направи последниот клучен чекор кон толку посакуваниот трофеј од Лигата на шампионите.