понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Роналдо го прашаа дали навистина потпишал за Ал-Наср, а одговорот беше со две букви

Роналдо го прашаа дали навистина потпишал за Ал-Наср, а одговорот беше со две букви

Португалија ја растури Швајцарија со 6:1, а Кристијано Роналдо воопшто не беше во стартниот тим, а и кога влезе во игра, не се запиша во листата на стрелци. И кога на теренот е во една таква подредена ситуација, Роналдо повторно е главен кај медиумите.

Освен тоа што сите се интересираа каква ќе биде реакција околу тоа што остана на клупата за резерви во еден така значаен меч како против Швајцарија, Роналдо од новинарите беше прашан и околу тоа каде ќе ја продолжи кариерата.

Додека е во Светското првенство во Катар, стана јасно дека Манчестер јунајтед му го раскина договорот и сега тој е слободен играч, па не се знае каде ќе продолжи да игра. Постојано се најавува дека негов следен клуб ќе биде Ал-Наср во Саудиска Арабија.

Пишувањата беа дека Ал-Наср му дал две и пол годишен договор вреден половина милијарда евра, односно по 200 милиони евра за сезона. По дуелот со Швајцарија, Роналдо кратко даде одговор и на тоа прашање, дали веќе потпишал договор со Ал-Наср.

„Не. Тоа не е вистина“, беше коментарот на Роналдо кој веднаш потоа си замина.